Данев до ДИК: Македонски е јазикот на Македонија - почитувајте го гласот на народот

 

Македонскиот јазик е јазикот кој што е државен во Македонија, а оние кантонизации и федерализации ќе бидат тогаш кога граѓаните во мнозинство ќе гласаат тоа. На 11 декември, Македонците и Република Македонија со 454.000 гласови за гласаа за унитарна и суверена Македонија, истакна Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ, обраќајки се пред насобраниот народ пред седиштето на Државната изборна комисија.

-Голем број телевизиски екипи и новинари овие 3 дена сите нас собрани овдека не прашуваат зошто на -10 степени сме тука. Тука сме за да го објасниме апсурдот што се случува овие 5 дена. На сите во Македонија особено на дел од мнозинството во ДИК да им објасниме дека 454.000 е поголем број од 434.000. Пола милион луѓе гласаа за суверена и унитарна Македонија.

Данев повика Државната изборна комисија да ја почитува волјата на македонскиот народ.

-Да го почитувате гласот на својот народ, на своите граѓани, тие на 11 декември изгласаа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

Упати и порака до членовите и симпатизерите на СДСМ да го убедат Зоран Заев да излезе да ги признае изборите и да и стави крај на кризата со една реченица: „На овие избори ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата е победник“.

 
 
17.12.2016 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега