Цените на индустриски производи повисоки на месечно ниво

 

Во октомври годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 0,3 проценти на месечно ниво, а се пониски за 0,3 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во октомври во споредба со септември годинава,  се повисоки во секторот „рударство и вадење камен“ за 1,3 проценти, во „преработувачка индустрија“ за 0,2 проценти, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ се пониски за 0,3 проценти.

Во октомври годинава во споредба со октомври лани продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „рударство и вадење камен“ за 2,5 проценти и во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 0,5 проценти, а се пониски во секторот „преработувачка индустрија“ за 0,6 проценти.

На странските пазари, според ДЗС, во октомври годинава продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки за 0,7 проценти на месечно ниво, а се пониски за 0,4 проценти на годишно ниво.

Во октомври 2016, во споредба со септември 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот „рударство и вадење камен“ за 2,5 проценти, а во секторот „преработувачка индустрија“ за 0,5 проценти.  Во октомври 2016, во споредба со октомври 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1,2 проценти, а во секторот „преработувачка индустрија“ за 0,3 проценти. 

 
 
15.12.2016 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега