Тијана Дапчевиќ скршена за Есма: Ја изгубив најдрагоцената пријателка

Многу ми е жал, цела Македонија е во црно за заминувањето на Есма. Многу рано си замина. Ова го изјави Тијана Дапчевиќ за српскиот Ало, за нејзината пријателка и колешка, Есма Реџепова. 

- Ништо не бараше, ништо не кажа. Веста за смртта буквално ме удри од земја. Беше скромна, така и си замина од овој свет. Работевме заеднички турнеи, беше мој музички учител. Секогаш на сите сакаше да им помогне, да им излезе во пресрет, вели Тијана низ солзи.

Есма зад себе остави 47 деца. Позната е како голема хуманитарка и човек со голема душа.

 

 
 
13.12.2016 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега