Како брзо да го освежите воздухот по користењето на тоалетот

Сигурно некогаш сте се нашле во состојба да мора да одите во тоалет а сте на гости, но ви е непријатно поради непријатниот мирис. Со мала превенција, зад себе ќе оставите миризлив и свеж тоалет.

Неколку совети како да го освежите воздухот по користење на туѓ тоалет: Прво и најважно, потрудете се да пуштите вода што побрзо да го намалите непријатниот мирис. Отворете прозорец, или вклучете вентилација ако има. Ако сте понеле со себе чанта, можете да искористите: 
- мирисна крема или лосион; 
- лак за коса; 
- oсвежувач за здивот; 
- парфем. 
Ако ништо од ова немате кај себе, а непријатниот мирис е очигледен, проверете ги полиците во купатилото, може да најдете: 
- средство за чистење на купатило во спреј, или обично; 
- избелувач; 
- бел оцет; 
- сода бикарбона; 
- течен сапун за раце; 
- шампон или балсам.

Истурете нешто од наведените производи во WC шољата, за да го намалите непријатниот мирис. Бидете внимателни и малку истурете, бидејќи некои средства како избелувачи можат да бидат токсични. Ако не ви е достапна ниту една од наведените опции, затворете ја вратата на тоалетот, а ако некој појде во тоалет веднаш после вас, предупредете го да не влегува веднаш. 

 
 
12.12.2016 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега