Две нови инвестиции во Илинден

Во Општина Илинден во изминативе два дена се поставени два камен темелници на нови стопански субјекти.

Во локалната економска зона Илинден инвеститорот Де-та Сара Фешн на парцела од 2.300 метри квадратни ќе гради објект со површина од 1.300 метри квадратни. Во локалната економска зона Марино-Кадино, пак, на парцела со површина од 3.900 метри квадратни инвеститорот Белина ќе гради објект од 1.800 метри квадратни.

На поставувањето на камен темелниците присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски кој им посака успешна работа.

Во наредниот период се очекува пуштање во употреба на неколку веќе изградени стопански субјекти, како и отпочнување со градба на нови. Во таа насока Општина Илинден интензивно работи на планирање на нови актрактивни локации и креирање на поволна деловна клима за домашните и странски инвеститори, велат од Општината.

ФОТО: Капитал

14:33

најчитано сега