СДСМ ќе поднесе тужба за клевета ако ВМРО-ДПМНЕ со помош на полицијата не ги идентификува заканувачите

 

Синоќа во вечерните часови Советот на општина Центар ја одржа својата прва вонредна седница на ова место по повод вандалското уништување на паркчето пред хотелот Бристол. На седницата беа уредно повикани сите советници со писмена покана доставено со службена пошта и со СМС пораки.

 Во текот на вчерашниот ден како претседател на Советот никој од советниците на ВМРО-ДПМНЕ не ме извести дека нема да присуствува на седницата, ниту пак ме известија дека се случил физички напад врз некој од нивните советниците.

 Откако седницата заврши во медиумите се појави изјава на советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Илиоски, опкружен со неколку советници. Во изјавата Илиоски тврди дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ биле спречени да присуствуваат на седницата вербално и физички од членови на ЛДП и СДСМ.

 Прашувам дали инцидентот, кој е тешко кривично дело, веднаш бил пријавен во полиција, имајќи во предвид дека Илиоски е правник, верувам дека тоа го сторил.

 Покрај тоа, бидејќи точно посочуваат дека тоа биле членови на ЛДП и СДСМ ги повикуваме да ги идентификуваат со помош на полицијата и другите органи на власта.

 Доколку во рок од 5 дена нема разврска на случајов, ќе сметам дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ предводени од Илиоски лажат. Во тој случај советничката група на Сојузот за иднината ќе поднесе тужба за клевета.

 Интегрален текст од реакција на СДСМ.

 

 

13:21

најчитано сега