Тешка несреќа: Се преврте санитетско возило со пациенти, има мртви

Санитетско возило на Здравствениот дом во Мионица, Србија, кое превезувало пациенти на дијализа во болницата во Ваљево, се превртело на регионалниот пат Дивци-Мионица.

Засега не е познато како возачот изгубил контрола над возилото и се превртел. Во несреќата починала една жена, а двајца пациенти се полесно повредени.

На жената прво и биле констатирани лесни телесни повреди, но набргу ја изгубила борбата за живот во болницата во Ваљево.

Врз телото на жената ќе биде извршена обдукција за да се утврдат причините за смртта.

 

 

 
 
07.12.2016 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега