Нова трагедија по онаа со фудбалерите: Спортисти загинаа, автобусот излетал од пат

Во сообраќајна несреќа во централна Русија животот го загубија десетмина руски гимнастичари и двајца тренери.

Автобусот кој ги возел гимнастичарите излетал од патот на 30 километри од градот Ханти-Мансијск и голем дел од патниците во него загинаа или се со тешки повреди.

Во автобусот биле 31 гимнастичар и тројца тренери. 19 патници се хоспитализирани, а 12 од нив се на интензивна нега.

Полицијата утврдила дека автобусот не се движел нормално и возачите се под истрага. Намалената видливост и снегот исто така се причина за несреќата.

 
 
07.12.2016 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега