Миноски: Извезуваме двојно повеќе од 2006, а производите се пософистицирани

Извозот последниве десет години е двојно зголемен. Ако во 2006 тој беше под две милијарди евра, во 2015 година изнесува над 4 милијарди евра, со тенденција оваа година да се надмине оваа бројка,  Кирил Миноски на средба со претставници од Стопанската комора во Кичево.

Според него тоа е показател дека Владата води добра економска политика и дека политиката на ниски даноци обезбедува поголеми инвестиции во приватниот сектор, кои значат позасилена економска активност и позасилена извозна активност. Се потврди, додаде, дека привлекувањето на странските инвестиции се покажа како еден продуктивен процес кој обезбеди зголемување на извозот.

Министерот за финансии посочи дека она што е значајно е дека има промена на структурата на извозот. – Ако пред 10 години извозот на машините бил 4,9 проценти од вкупниот извоз, сега тој сооднос е значително променет и 27,7 проценти од македонскиот извоз се машини и транспортни уреди, рече Миноски.

Тој потенцира дека со извоз на пософистицирани производи се отвора потреба за квалификуван и повеќе платен кадар во земјава, што ќе придонесе за побрзо и реално зголемување на платите во земјава, што на крајот ќе резултира со подигнување на стандардот на граѓаните.

Вчера државната статистика ги објави податоците за надворешно-трговската размена на земјава за првите 10 месеци кои покажуваат дека надворешно-трговската размена пораснала за 5,7 отсто во однос на минатата година, додека извозот за 5,8 проценти.

 
 
06.12.2016 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега