Канческа-Милевска: Тој што не ја почитува својата држава нема право ниту ќе има можност да раководи со иднината на Македонија

СДСМ ништо не направи за својата држава. За нив културата е мисловна именка. Го видовме на дело нивниот однос и деструктивна политика и уништување на нашата сопствена култура и идентитет. Фарбаа споменици, демолираа палеа државни институции и ја сквернавеа нашата култура и држава, потсети од митингот во Кисела Вода, кандидатот за пратеник во ИЕ 1, Елизабета Канческа Милевска.

-Тој што не ја почитува својата држава нема право ниту ќе има можност да раководи со иднината на Македонија. Доста ни беше од манипулациите на СДСМ. Македонските национални интереси на се на продажба тоа треба да го сфати СДСМ и Заев.  Зошто од друга страна има народ тоа е горд македонски народ кој секогаш ги бранел и ги брани македонските национални интересни. Народот памети и не заборава, порача Канческа-Милевска.

 
 
05.12.2016 - 18:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега