Како двојазичноста би се рефлектирала во редовите на АРМ?
СДСМ во својата програма предвидува воспоставување на двојазичност на територијата на цела Македонија, односно албанскиот јазик да биде втор официјален јазик во државата.
За тоа какви последици ќе има врз редовите на Армијата на Република Македонија, појасни началникот на генералштабот на АРМ, Методија Величковски.
-Во законот за служба во Армијата на Република Македонија согласно законските определби, во Законот за Служба во АРМ во членот 5 е недвосмислено концизно јасно без предмет за дискусија дефинирано начинот на употреба на македонскиот јазик и неговото кирилично писмо. Тоа подразбира дека секој вид на кореспонденција, командување и извршување на наредби како и изработка на документи се прави исклучиво само на македонски јазик и неговото кирилично писмо , вели Величковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа