Мисајловски: Нов експресен пат од Битола до Меџитлија

 

Ќе се гради нов експресен пат од Битола до граничниот премин Меџитлија, најави денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски при денешната посета во Битола и Новаци.

Според Мисајловски, планирана е изградба на експресен пат со четири ленти од Битола до граничниот премин Меџитлија. Ова ќе биде нов експресен пат за кој ќе почне да се прави проект следната година. 

- Од следната година ќе започнеме со проектирање, а инвестицијата се планира на околу 10 милиони евра, но точната вредност ќе ја знаеме по изработкта на проектот. Исто така преку Јавното претпријатие за државни патишта планираме да извршиме и реконструкција на влезовите во градот и тоа од двете страни и од страната на Ресен и од страната на Прилеп, изјави министерот Мисајловски.  

Тој најави дека продолжува и обновата на регионалниот пат од Битола до Буково, која треба да заврши за два до три месеци, како и дека ќе се реконструираат и десетина локални патишта во општина Битола.  

Министерот потенцираше дека во завршна фаза е и реконструкцијата на Железничката станица во Битола, инвестиција која се реализира во соработка со ЕУ. Најави и дека ќе продолжи изградбата на пругата од Битола до Кременица која, како што рече, и понатаму останува приоритет. 

Мисајловски и директорот на ЈП за државни патишта, Александар Стојанов при посетата на Битола извршија увид во реконструкција на дел од патот од Битола кон Новаци, кој беше уништен од поплавите. Според Стојанов, патот ќе биде готов за десетина дена, а инвестицијата е 25 милиони денари. 

 
 
05.12.2016 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега