Цело маало се крена на нозе: Драма за скопјанец
По полноќ се одвивала драма на улицата Хриестијан Тодоровски Карпош во Скопје каде скопјанец со соседите го гаснел пожарот подметнат во неоговто возило. 55-годишниот Ф.Ф. пријавил дека на улицата од страна на три непознати лица било опожарено неговото возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки. Насилниците откако биле забележани од страна на скопјанецот избегале од местото на настанот.
Пожарот бил локализиран од сопственикот и соседите. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
05.12.2016 - 11:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа