Карваните за изборите продолжуваат: На овие места ќе има митинзи вечерва

Дванаесетти ден од изборната кампања, карваните продолжуваат во повеќе градови низ Македонија. Партиите и коалициите кои со свои кандидати учествуваат на претстојните парламентарни избори денеска ќе ги претстават своите програми на средби со граѓани и на митинзи низ државата.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Свети Николе и во Штип, а коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе има митинзи во Валандово и Гевгелија, додека Коалицијата за промени и правда согласно нивната изборна агенда треба да одржи митинг во Гевгелија.

Демократската партија на Албанците организира митинг во тетовско Желино.

Алијансата за Албанците ќе има митинзи во Долнени и Кичево. 

 
 
02.12.2016 - 08:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега