Дете им пукало во главата на своите родители па се самоубило

Во понеделникот наутро се случила трагедија во Бразил кога мало момче си ги убило своите родители, бабата и тетката, па се самоубило, пренесе Дејли меил.

13-годишниот Марчело Песеџини им пукал на своите родители во глава, а потоа ги убил и бабата и тетката, па си го одзел животот откако се вратил од училиште.

Таткото на момчето кој инаку бил полицаец бил пронајден мртво во својот кревет, додека мајката била пронајдена во тоалетот. 

Началникот на полицијата во Сао Паоло истакнал дека сите докази наведуваат дека Марчело ги убил своите родители и роднини.

10:48