Поповски до Пендаровски: Доколку Зоран Заев е толку голем демократ ќе ги објавеше и своите разговори

 

Зоран Заев е единствениот аболициран политичар и единствениот човек што знае колку прислушувани разговори постојат и кој прислушувал во Македонија, посочи Никола Поповски во првото телевизиско соочување на носителите во првата изборна единица на 4-те најголеми политички партии.

- „Зоран Заев вели дека прислушувал 20.000 луѓе дека тој ги има материјалите и на тој начин ги селектира и кажува што ќе емитува и како се друго е класична склопка во која СДСМ најдобро се снаоѓа во недостаток на решенија за реални проблеми и програма за граѓаните, тогаш одат со тоа дека имале милион луѓе кои ги прислушувале, дека ќе ја качат плата на 30.000 денари, што се ноторни невистини.  Јас знам дека има сериозна манипулација со прислушуваните материјали, бидејќи оној кој ги поседува односно Зоран Заев, еднаш рече дека поседува милион, потоа 600.000, па не знаеме колку предал на СЈО“, рече Никола Поповски одговарајќи на обвинувањата на Стево Пендаровски дека прислушувањето е вршено од Петтата управа.

 

 

 

 
 
29.11.2016 - 23:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега