ДРАМА: Жена скокнала од авион за време на слетување (ВИДЕО)
Една жена вчера скокнала од авионот при слетувањето на аеродромот во Хјустон.
Лет на "Јунајтед ерлајнс" од Њу Орлеанс само што ја допрел пистата и се упатил кон терминал на меѓународниот аеродром во Хјустон "Џорџ Буш", се случил инцидентот, соопштила потпаролката на аеродромот Меди Кинг.
Ја отвори вратата и скокна надвор, патниците останале без зборови, еден од нив изјавил дека жената ја отворила вратата за итни случаеви и излегла од авионот
Жената, чиј идентитет не е објавен, поминала со повреди што за среќа не се опасни по живот, па дури и не е уапсена и против неја нема да бидат покренати обвиненија.
Сепак, таа беше префрлена во болница на психијатриско набљудување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа