СЕЕМО изрази загриженост што Атина забрани влез на македонски новинари во Грција

 

Организацијата за медиуми во Југоисточна Европа (СЕЕМО) изрази загриженост поради фактот дека грчките власти не им дозволија на редица новинари да влезат во Грција, соопштуваат од организацијата.

Во соопштението од прес-канцеларијата на СЕЕМО е потенцирано дека станува збор за новинари од Македонија на кои не им бил дозволен влез на грчка територија. Се посочува и последниот случај кога не и бил дозволен влез на Ивана Костовска, уредникот на внатрешно политичката редакција на македонскиот весник „Дневник“.

СЕЕМО посочува дека ги осудува ваквите дејства од страна на властите во Грција која како членка на ЕУ се очекува да ги заштитува правата за слобода на движење и слобода на изразување. СЕЕМО воедно ги повикува властите во Грција да гарантираат дека во иднина нема да дозволат слични случаи. 

07.08.2013 - 15:35

најчитано сега