СИТЕЛ: ДИК го затвори избирачкиот список во кој има 5.000 гласачи повеќе отколку во 2014-та

 

Вкупно 1.784.416 граѓани имаат право на глас  на 11 декември. ДИК официјално го затвори избирачкиот список.

За ВМРО ДПМНЕ со ова се затворило уште едно од срамните поглавја во историјата на независна Македонија и манипулациите на СДСМ дека имало половина милион фантоми, а всушност бројот на избирачи е поголем од 2014.

- Веќе нема ниту најмала дилема дека СДСМ го подметна сценариото со избирачкиот список само за да иницира криза која потоа би отворила простор за реализирање на големиот план на Зоран Заев, план кој подразбира воведување на двојазичност, кантонизација и промена на Уставот. План кој Зоран Заев го најави пред албанската дијаспора во Швајцарија, се наведува во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Според СДСМ со овој список ќе бидат елиминирани можни злоупотреби.

-Со заклучениот избирачки список, Државната изборната комисија го потврди она што СДСМ долго го тврдеше - дека во Македонија има околу 1 500 000 гласачи.Во посебниот избирачки список се запишани 230.122 гласачи и со тоа елиминирани се сите можности за злоупотреба на овие гласови. Конечниот избирачки список ќе овозможи гласањето во целост да ја одрази волјата на граѓаните, се наведува во соопштението од СДСМ.

На предвремените парламентарни избори ќе се натпреваруваат 11 коалиции и партии. Само во Македнија за нив ќе може да гласаат 1.531.368 граѓани. Во дијаспората прифатени се пријавите на 20.573 лица, а во саботата покрај раселените, болните и изнемоштени избирачкото право ќе го остварат и 2015 лица кои се во затвор или притвор.

 
 
29.11.2016 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега