Во Берово уништени билборди на ВМРО-ДПМНЕ
Следејќи ги своите стапки и традиција и овој пат противниците на ВМРО-ДПМНЕ од Берово газат врз уставното право на оваа партија да истакнуваат плакати и да ги промовираат своите кандидати за пратеници, па ги уништуваат билбордите на носителот во оваа изборна единица кој е поставен на соодветно место на таблата на кејот на река Брегалница наспроти автобуската станица во Берово.
Ова не е првпат да се спроведува ваков чин од страна на опозициските активисти кои со вакви мерки се користеа и на претходните изборни процеси кога го надминуваа и прагот на толерантност и со тоа што ги скврнавеа спомениците во општината со испишување на избирачки броеви на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа