Се враќа коцката на плоштадот во Скопје заедно со нова фонтана

Градот Скопје деновиве објави тендер за изградба на современа фонтана на плоштадот „Македонија“ и реконструкција на плоштадот.

Од Градот Скопје информираат дека се работи за изградба на современа фонтана на површинско ниво со 128 прскалки,  кои ќе се употребуваат само во летниот период. Фонтаната ќе биде со димензии 15x15 метри, а ќе биде поставена на просторот помеѓу Камениот мост и постојната фонтана.

- За време на реконструкцијата, постојните плочи на плоштадот делумно ќе бидат зачувани, а другите ќе бидат извадени и ќе се употребат на плоштадот кај црквата „Пресвета Богородица“. На местото на извадените плочи, при реконструкцијата на партерот на плоштадот „Македонија“, ќе биде поставена коцка. На плоштадот ќе бидат заменети канделабрите,  клупите и кантите за отпадоци, стои во денешното соопштение од Град Скопје.

Проектот за изградба на фонтана и реконструкција на плоштадот, информирааат од Град Скопје, ќе се реализира со 2/3 финансиски средства од Владата на Република Македонија и 1/3 од буџетот на Град Скопје.

07.08.2013 - 14:48

најчитано сега