Груевски: Нови вработувања со рестартирање на рудникот „Боров Дол“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во 4 Изборна единица Никола Груевски денеска најави продолжување на мерките и проектите за отворање нови работни места со кои во следниот четиригодишен период се планира да бидат отворени нови 70.000 работни места.

Пред жителите на Конче Груевски најави сто нови вработувања со рестартирањето на рудникот за бакар „Боров Дол“ за кој во постапка е доделување концесија. Инвеститорот, како што посочи Груевски, планира да вложи во рудникот 87 милиони евра.

gruevski-konceОсврнувајќи се на мерките насочени кон новите вработувања, Груевски рече дека во изминатиот период се отворени 160.000 нови работни места, од кои само во последните 2,5 години се отворени 39.000 работни места.

Најави дека и во иднина ќе продолжат проектите за поддршка на руралните средини. Меѓу нив го спомена проектот за професионални земјоделски советници кои ќе бидат плаќани по капитација и кои ќе треба три до четири пати да го посетуваат земјоделецот.

gruevski-konce2Груевски рече дека ќе продолжи субвенционирањето на земјоделците со нови 600 милиони евра, како и распределбата на субвенциите за тутунот.

– Нашата Програма не случајно се нарекува „Реално“ затоа што се што е содржано во неа ќе се оствари, истакна Груевски, додавајќи дека граѓаните на овие избори имаат две опции – или да гласаат за онаа која што создава и реализира или, пак, за онаа која разградува и се бори за кантонизација на државата.

gruevski-konce3

 
 
28.11.2016 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега