Белгија и Холандија договорија мирна промена на границите

 

Белгија и Холандија денеска во Амстердам ќе потпишат договор за промена на заедничката граница, кој се очекува да стапи во сила од 1 јануари 2018 година, објавија локалните медиуми.

Белгискиот министер за надворешни работи Дидие Рејндерс изјави дека „денешната церемонија претставува пример за мирна измена на државните граници во Европа“.

Белгија и отстапува на Холандија 11 хектари земјиште, а во замена добива три хектари.

Промената на граничната линија во реонот на холандскиот град Маастрихт и белгискиот Визе беше неопходна бидејќи границата била определена на дното од реката Моз која минува низ реонот, врз основа на нејзината најдлабока точка во 1843 година.

Од 1962 до 1980 година службите за поддршка на речниот сообраќај го измениле коритото на Моз, што ја наметна потребата од ново обредување на границата.

Преговорите за ова прашање првично завршија без да се постигне согласност, но во 2012 година Холандија повторно ја отвори оваа тема за разгледување. Четири години подоцна, постигнат е договор, кој денеска ќе биде официјално потпишан. 

 
 
28.11.2016 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега