Пејачката заедно со своите деца преживеала драма - спречена голема трагедија
Српската пејачка Ивана Шашиќ вчера во својот стан доживеала вистинска драма кога со децата останала заклучена во собата докдеа во другата просторија и останала вклучена пеглата.
Како што објавила на својот Фејсбук профил, поранешната учесничка на Фарма поради расипана брава останала со децата „блокирана во детската соба без телефон“, а во дневната соба ја оставила вклучена пеглата.
Поради брзата интервенција на пожарникарите драмата за брзо време била спречена.
Пејачката после инцидентот се огласила на својот Фејсбук профил и им се заблагодарила на сите за помошта и брзината.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа