Скопјанка преживеа монструозен напад - двајца насилници ја влечеле со автомобил низ Скопје

52 годишниот Р.Ш. и 54 годишниот З.Н. од Скопје си заработија кривични пријава откако на 29. јули годинава безмилосно ја повредиле 36 годишната скопјанка Т.Р.

Според информациите од МВР, двајцата скопјани ја пресретнале Т.Р. на улицата „Иван Манолев“ во Скопје и се обиделе насилно да ја внесат во нивното возило. Откако не успеале да ја земат жената во својот „Мерцедес“, тие го стартувале автомобилот и ја влечеле околу 200 метри. Скопјанката заработила тешки телесни повреди.

Двајцата насилници добија кривични пријави за „тешка телесна повреда“ и „помагање“, како и 30-дневен домашен притвор. 

најчитано сега