Пејковски: Видливите ефекти и резултати се показател дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ даваат резултат
Според мене, доволно е да се спореди тоа што е остварено преку отчетот. ВМРО во изминативе 10 години направи навистина многу, видно е, се гледаат ефектите, резултатите од тоа што е инвестирано, изградено, посебно во инфраструктурата, во градежништвото, отворањето на нови работни места, привлекување на странски инвестиции, во областа на образованието, здравството итн. Со еден збор, има ефекти, има резултати коишто се видливи и коишто се показател дека политиките што владата ги спроведуваше во изминатите 10 години даваат резултати, рече воотвореното студио професорот Јован Пејковски.
Според Пејковски, отворањето на нови работни места, намалувањето на невработеноста од 38 на 24 проценти е сериозен индикатор дека навистина тие политики создаваат услови за да се продолжи трендот и да се остварува во натамошниот период, доколку ја споредиме програмата на ВМРО-ДПМНЕ којашто се базира на реални оценки, на реални остварувања.
„Тоа што е започнато како тренд и доколку продолжи во наредниот период, треба да донесе подобри услови за работа, подобри услови за живот и севкупни општествени услови коишто ја прават Македонија веќе извесна во нејзиниот пат кон Европската унија“, рече Пејковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа