ДИК ќе го утврдува обликот на печатите на избирачките одбори

 

Државната изборна комисија попладнево треба да ја разгледа и усвои Предлог-одлуката за утврдување на обликот на печатите на избирачките одбори во Република Македонија и избирачките одбори во Дипломатско конзуларните претставништва на Република Македонија во странство и избирачкиот одбор во Државната изборна комисија.

На дневен ред на седницата закажана за 17 часот, како што соопшти ДИК, е и разгледувањето и усвојувањето на Нацрт-планот за едукација на општинските изборни комисии по тимови планирани за 29 и 30 ноември годинава.

 
 
26.11.2016 - 17:07v

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега