Ѓорчев: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите за 10,2 проценти
Владата на ВМРО-ДПМНЕ води сериозна грижа за пензионерите, така и ќе продолжи – со зголемување на пензиите. Ние нашите ветувања ги остваруваме и тоа може да се почувствува и види. Затоа треба да им се верува на делата, а не на празните зборови, рече носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ6 Владимир Ѓорчев на денешната прес-конференција во Гостивар.
Ѓорчев оствари повеќе средби со граѓаните на кои, рече, во фокусот беа пензионерите. Оваа категорија граѓани, како што нагласи, се во приоритетите на владата на ВМРО ДПМНЕ.
– Така беше и претходно и во тој правец презедовме многу чекори. Просекот на зголемувањето на пензиите достигна 70 проценти, а најниските и над 90 проценти. Ова го нагласуваме заради фактот дека во времето на ниту една влада со која раководел СДСМ немало покачувања на пензиите, напротив дури и ги намалија за 8 проценти. Сега сакам да најавам и дополнително зголемување за следниот мандат за 10,2, рече Ѓорчев на прес-конференцијата пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар и потсети дека исплатите на пензиите се одвиваат редовно, што не било пример кога СДСМ биле на власт.
Тој потенцираше дека во програмите на партијата биле предвидени и реализирани мерки насочени кон подобар живот на пензионерите, како што се бањската рекрација, која ќе продолжи и зголемен опфат за бесплатен јавен превоз.
– Ќе продолжиме со стимулирање и поттикнуавње на отворањето старски домови, а при тоа ќе се посвети и поголемо внимание околу набавката на медицинска опрема, туѓа нега и низа други програми, додаде Ѓорчев.
Тој потсети и дека владата на ВМРО-ДПМНЕ изминативе години инвестираше во изградба на спортски сали, субвенции за земјоделците, асфалтирање патишта што не било случај кога СДСМ ја имале власта.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа