Експертите децидни: Граѓаните одбираат реални проекти кои може да им донесат нови работни места и да им го подобрат животот

 

Граѓаните ќе гласаат за завршување на кризата, што ќе овозможи решавање на нивните проблеми. Експертите кои ги консултиравме за коментар околу најновата анкета на реномираната агенција „Брима Галуп“, која покажува убедлива предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ на две недели до изборите, велат дека граѓаните одбираат реални проекти кои може да им донесат нови работни места и да им го подобрат животот.

Почетокот на кампањата точно покажа како стојат работите

Универзитетскиот професор и политички аналитичар, Александар Даштевски пред се’ смета дека почетокот на кампањата точно покажа како стојат работите.

-На митингот на владејачката коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ во Охрид имаше од 50 до 60000 луѓе, а на митингот на СДСМ од 3 до 4000 луѓе. Тоа го покажува односот на силите во моментот, бидејки сите настана на владејачката коалиција се многу опосетени. Друга работа е што ВМРО ДПМНЕ 75 проценти од времето го посветува на економската програма и решавање на проблемите на граѓаните, води позитивна кампања. Во останатиот простор мора да одговори на провокациите за двојазичност и кантонизација како и отворање на уставот и поништување на Охридскиот рамковен договор со тоа дека државата ќе биде унитарна и суверена, вели Даштевски за КУРИР.

Од друга страна, смета тој, СДСМ води негативна кампања, дека ќе го смени целото судство и сите други институции на системот,што е невидено во македонката и европската политичка пракса.

– Се заканува на сопствените граѓани, а им се додворува на граѓаните со етничко албанско потекло сакајќи да добие дел од нивните гласачи, што во овој момент не е возможно. Економскиот дел од нивната кампања е многу циромашен и нелогичен. Имено, тие зборуваат за презадолженост на државата, а веднаш потоа дека просечната плата ќе биде 30000 денари, што е неспоиво едно со друго, вели Даштевски.

dastevskiПобедата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде уште поубедлива од анкетата на „Брима Галуп“

Токму поради ова, додава универзитетскиот професорт, иако анкетата на Брима Галуп покажува стабилна и убедлива предност, Даштевски смета дека победата на владејачката коалиција ќе биде уште поубедлива, бидејќи  резултатите во анкетата секогаш не ја даваат вистинската слика во зависност од тоа на кои примероци се направени.

-Понатаму, овој пат поради поразителната политика што ја спроведува Зоран Заев, овој пат неопределените и тие што одбиле да одговорат на прашањето сметам дека ке гласаат за Коалицијата за подобра Македонија. Македонските граѓани се веќе искусни, политички едуцирани со висока свест за опстанокот, стабилноста и економскиот просперитет на својата држава. Истото се однесува за македонците, албанците, турците и сите други што живејат во македонија. Всушност имавме сличен проблем во 2001 година, така што никој не може да ги измами. Затоа тие апсолутно ќе гласаат за завршување на кризата, што ќе овозможи решавање и на нивните економски проблеми, вели Даштевски.

Во анкетата се пресликани генералните состојби на јавното мислење

Универзитетската професорка од Правниот факултет во Скопје, Иванка Додовска вели дека последната анкета на агенцијата за мерење на јавното мислење „Брима Галуп“ ни ги предочува главните индикатори за расположението кај македонските граѓани во пресрет на предвремените парламентарни избори.

– Истата претставува репер за анализа според која можеме да заклучиме дека владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ повторно има предност пред опозициската коалиција предводена од СДСМ. Исто така, во неа се пресликани генералните состојби на јавното мислење во Република Македонија, според кои јасно се гледа дека компактните и традиционалните привразници на едната или на другата опција се длабоко вкопани во своите ровови и истите нема да го променат курсот според кој ја поддржувале едната или другата понуда и во изминатиов период. Разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, како и огромната разлика во рејтинзите на лидерот на десницата Никола Груевски и лидерот на левичарската опција Зоран Заев е сериозен барометар за тоа какви политики се прифатливи и кои се карактеристиките на кои реагираат позитивно граѓаните на Република Македонија. Секако овде има уште два аспекти кои дополнително ги исцртуваат контурите на целата слика во која се наоѓа македонското општество во пресрет на претстојните избори во декември, оваа година. Првиот е во дисперзирањето во албанскиот блок, каде според процентите од анкетата ќе биде навистина тешко да се концентрираат на едно или на друго место гласовите на граѓаните со албанско етничко потекло и вторниот особено значаен аспект кој говори за над 40% од граѓаните кои немаат сеуште одлучено или не се изјаснуваат кому ќе му ја дадат довербата. Овие два индикатори претставуваат сериозен предизвик за кој претпоставувам дека во наредните две недели ќе се одвива најзначајната политичка битка помеѓу политичките партии и нивните коалиции, вели Додовска за КУРИР.

ivankaТаа смета дека нема формула која може се до самиот крај да го гарантира крајниот исход на претстојните избори, но овие проценти во голема мера укажуваат на тоа дека проактивните политики на власта на ВМРО-ДПМНЕ и енергичниот и крајно позитивен пристап на Груевски во голема мера ќе влијаат врз повторното освојување на власта од страна на десницата.

– Она што е особено карактеристично за целата оваа општествено-политичка ситуација во нашата држава е тоа што граѓаните покажаа со своето трпение дека без оглед на сите искушенија нема да дозволат да бидат втурнати во сценарија кои ќе ги изместат од нормалниот колосек на функционирање и дека истите не се подготвени да поддржат политичка понуда која ќе ги закопа сите напори за подобрување на животот во Македонија, вели Додовска.

Граѓаните ќе го прекинат политичкиот циркус

Според неа, македонските граѓани на овие избори на најсилен начин, преку тајното гласање ќе ја искажат  неопходноста од прекинување на политичкиот циркус во кој без вина се најдоа втурнати изминативе две години.

-Не верувам дека постои граѓанин во Република Македонија и од страна на македонскиот народ, но и од припадниците на помалите етнички заедници кои го посакуваат рушењето на државно-правниот поредок и уривањето на унитарниот систем. Овие надворешни обиди кои се направија во соработка со неколку домашни квислинзи очекувам дека ќе бидат строго казнети од целиот електорат на 11 декемвр, заклучува Додовска.

 Што покажа анкетата на „Брима Галуп“?

На Груевски му веруваат 20,8 проценти од гласачите, наспроти 11 проценти кои му веруваат на Заев, покажуваат резултатите од последната анкета што ја спроведе реномираната и угледна агенција за истражување на јавното мислење, „Брима галуп“,

treta

Поголем дел од гласачите во земјава би гласале за ВМРО-ДПМНЕ – 25,8 проценти. За СДСМ се изјасниле 16,7 проценти. Ваков е одговорот на испитаниците на прашањето Ако учествуваат сите партии за која партија би гласале доколку следната недела се одржале нови парламентарни избори?

Доколку се издвојат одговорите на Македонците што биле дел од ова испитување на јавното мислење, ВМРО-ДПМНЕ повторно е во значителна предност пред СДСМ. 35,9 отсто се изјасниле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 21,6 отсто за СДСМ.

 
 
26.11.2016 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега