ВИДЕО. Експлозија на плинска боца срамни со земја половина куќа, едно лице повредено

 

Едно лице е повредено во експлозија на плинска боца која се случила во средата околу 21:30 часот во Нови Сад, Србија.

Според првичните информации, плинската боца кога експлодирала ја разнела речиси половина куќа, а нејзиниот сопственик се здобил со изгореници обидувајќи се да го изгаси пожарот, пишува српски Ало.

На местото на настанот пристигнале три противпожарни возила, полиција и Брза помош која веднаш го згрижила повредениот.

Тој за секој случај е пренесен во Ургентниот центар, се чувствува добро и се здобил со помали изгореници кои му се санирани.

 

 

 
 
24.11.2016 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега