Со возилото влетале во камион: Еден загинат на патот Велес-Градско

Едно лице загина во сообраќајна несреќа која вчера утрото околу 06 часот и 45 минути се случила на регионалниот пат Велес-Градско, кај селото Ногаевци.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила меѓу товарно возизло „Цитроен Берлинго“ со скопски регистерски ознаки управувано од 58-годишниот Б.К. и сопатникот Ш.Д. (55) и двајцата од Скопје, и камион „Сканија“ со кумановски регистерски ознаки управуван од 47-годишниот Р.И. од селото Черкези-кумановско.

-Возачот на „Цитроенот“ и сопатникот се здобиле со тешки повреди и истите биле префрлени во ЈЗУ Општа болница Велес каде Б.К. починал, додека кај совозачот Ш.Д. се констатирани тешки повреди и е надвор од животна опасност.

Полицијата извршила увид на местото на настанот извршиле, а по наредба на  Јавен обвинител  телото на починатиот е предадено за обдукција.

 
 
23.11.2016 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега