ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Задолжително погледнете што не чека од петок

Од петок попладне и во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремен дожд со слаб, а во западните и јужните делови и умерен интензитет. За време на викендот се уште ќе биде релативно топло, а условите за магла ќе се намалат.

 

Во понеделник нашето подрачје ќе потпадне под влијание на многу студена воздушна маса од север, што ќе услови засилен северен ветер проследен со значителен пад на температурата. Врнежите во попладневните часови на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег. Од вторник ќе биде многу студено и ветровито, а можно е провејување на снег и во пониските делови. Дневната температура на места ќе се задржи околу нула.

 
 
23.11.2016 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега