Оштетени штабови на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го губи тлото, агресија и вандализам

Во доцните часови оштетени се два штаба на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино во пресрет на денешниот митинг, инцидентот исто како претходниот кој се случи во Струмица ќе биде пријавен во полиција и во ДИК.

Вчерашниот вандалски чин е втор во низа и само ги потврдува информациите дека СДСМ оди на валкана кампања и се обидува да испровоцира инциденти со кои би фрлиле дамка на изборите и би отвориле простор за непризнавање на резултатите.

stab1

Во прилог на вандалското однесување оди и индиферентноста на техничкиот министер за внатрешни работи и генерален сектетар на СДСМ, Оливер Спасовски, и молкот на Министерството за внатрешни работи, кое не излезе со никаква информација околу идентитетот на сторителите кои во Струмица го уништуваа пропагандниот материјал на „Коалицијата за подобра Македонија“.

Овој вандалски чин е втор во низа во период од само 24 часа, откако во понеделникот доцна вечерта во Струмица платени хулигани од страна на СДСМ го уништија централниот банер на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој е носител во четвртата изборна единица. Освен оштетувањето на банерот, предизикана е и материјалната штета и на дуќаните во близина кои се во приватна сопственост. Повеќе детали за инцидентот во Струмица прочитајте Тука.

 

banerstrumica2

banerstrumica4

 
 
23.11.2016 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега