Неверојатен рекорд во Лигата на шампионите: Борусија Д. ја совлада Легија со 8:4

Екипите на Борусија Дортмунд и на Легија го одиграа натпреварот со најмногу постигнати голови во историјата на Лигата на шампионите во фудбал.

Синоќа во Дортмунд, Борусија ја победи Легија од Варшава со 8:4 и со вкупно 12 погодоци е срушен досегашниот рекорд кој изнесуваше 11 голови поставен на средбата Монако – Ла Коруња (8:3).

Резултати на натпреварите од 5.коло и табели во групите Е, Ф, Г и Х:

Е група: ЦСКА Москва – Баер Леверкузен 1:1, Монако – Тотенхем 2:1.
Табела: Монако 11 бода, Баер Леверкузен 7, Тотенхем 4, ЦСКА Москва 3.

Ф група: Спортинг – Реал Мадрид 1:2, Борусија Дортмунд – Легија Варшава 8:4.
Табела: Борусија Дортмунд 13 бода, Реал Мадрид 11, Спортинг 3, Легија 1.

Г група: Лестер – Бриж 2:1, Копенхаген – Порто 0:0
Табела: Лестер 13 бода, Порто 8, Копенхаген 6, Бриж 0.

Х група: Севиља – Јувентус 1:3 и Динамо Загреб – Лион 0:1.

Табела: Јувентус 11 бода, Севиља 10, Лион 7, Динамо Загреб 0.

Денеска ќе се играат преостанатите осум натпревари од групите А, Б, Ц и Д.

 
 
23.11.2016 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега