Власта во Охрид и Турција опозицијата во Грција - каде летуваат македонските политичари

 

Грција, Турција и  Хрватска најатрактивни дестинации за македонските политичари. Оние кои ќе останат во земјава батериите ќе ги полнат на Охридското езеро, јавува Сител

Премиерот Груевски сеуште нема одлучено кога и каде ќе оди на одмор.

Претседателот Ѓорге Иванов традиционално летниот одмор со семјството го минува во вила „Биљана“ на охридското крајбрежје.  Првиот парламентарец Вељаноски пак се разладува во Турција.

Министрите Спиро Ристовски и  Гордана Јанкуловска се сончаат на Јадранското приморје. Министерот за здравство одмарал пет дена заедно со семејството, но не ја открива дестинацијата. Првиот човек задолжен за домашната економија Сарачини решил да штеди. Од министерските обврски ќе одмарал дома под клима. А неговиот колега задолжен за животна средина Адеми се сончал на турските плажи.

Пратениците и во изборот на места за летување поделени. Илија Димовски и Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, како и многу други нивни колеги од власта ќе го поддржат македонскиот туризам. 

Опозицијата пак ќе го стимулира  испразнетиот грчки  буџет.  Ивановски и Макрадули веќе се сончаат во Грција. Минчев пак ќе им се придружи неделава, а како што дознаваме ќе биде сместен во еден од најелитните грчки хотели. Нивниот лидер Заев веќе го искористил одморот. Тој со семејството летуваше во Турција, а неговата заменичка Шеќеринска пак ќе пие коктели со своите сопартијци кај  јужниот сосед.

06.08.2013 - 20:49

најчитано сега