Станија доживеа сообраќајка - автомобилот целосно уништен

Српската пејачка Станија Доброевиќ доживеала сообраќајна несреќа во четвртокот попладне. Таа налетала на контејнер и целосно го уништила автомобилот.

Станија брзала на снимање и воопшто не го видела контејнерот кој се наоѓал на патот. Целата десна страна на автомобилот ја удрила и возилото веќе не е во возна состојба. Автомобилот со шлеп служба бил однесен во авто сервис.

Станија прво се исплашила, но кога сфатила дека со неа е се во ред, малку се смирила, вели извор близок до пејачката.

- Секогаш сакам да кажам дека сум добро, но денес навистина не сум најсјајно. Бев во Швајцарија на настап, настинав. Имам температура, а како капак на се го удрив автомобилот пред снимање на емисија, буквално го откинав тркалото... Но не сакам да зборувам за тоа, изјави Станија.

 

 

 
 
19.11.2016 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега