Се тресе цел Балкан - утринава силни потреси и во Македонија

Многу земјотреси утринава се регистрирани на Балканот и во Европа. 

Два силни потреси од 5,1 степен и 3 степени според Рихтер, ја стресоа Грција, а беа почувствувани и кај нас. Земјотрес со магнитуда од три степени според Рихтеровата скала со епицентар во Грција, е почувствува рано изутрината во 02 часот и 44 минути во јужните делови на Република Македонија. Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека интензитетот на земјотресот на територијата на Македонија бил меѓу три и пет степени според Европската макросеизмичка скала.

Ова е втор земјотрес во изминатите 12 часа со епицентар во Грција кој е почувствуван во југоисточна Македонија. Првиот беше регистриран ноќеска во 00 часот и 12 минути со магнитуда од 5,1 степен според Рихтер, а беше почувствуван во Гевгелија, Богданци и Струмица со интензитет од четири до пет степени според Европската макросеизмичка скала.

Се стресе и Албанија. Потресот бил со јачина од 3,1 според Рихтер, со епицентар во Тирана.

Се тресат и Италија и Турција.

Се надеваме потресите ќе запрат и ќе имаме спокојни денови.

 
 
19.11.2016 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега