Сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје

Сообраќајна незгода во која учествувале автомобил марка „пежо“ со гостиварски регистарски таблички и камион застава со скопски регистарски таблички се случи вечерва околу 18.30 часот на магистралниот пат Тетово-Скопје.

Во несреќата една жена се пожалила со повреди и веднаш со возило на Брза помош е пренесена во гостиварската болница.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата, по што сообраќајот е нормализиран.

 
 
18.11.2016 - 22:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега