Многумина го имаме овој проблем, а тој е една од најчестите причини за добивање рак

Нова студија во Велика Британија покажа дека годишно 50.000 луѓе во таа земја можат да добијат рак поради вишокот килограми, пишува Мирор.

Истражувањето покажало дека тој број може да се очекува до 2035 година, бидејќи во Велика Британија минатата година 18.100 луѓе заболеле од рак поради вишокот килограми.

Професорот Питер Џонсон истакнува дека тоа исто опасно како и цигарите. Тој вели и дека повеќето од луѓето не се информирани за опасностите од дебелината.

„Луѓето треба да се прашаат како можат да ги смалат ризиците од рак. Сега преовладува мислењето дека ништо не може да се направи“, вели Џонсон.

Тој смета дека правилната исхрана и одржувањето на нормалната тежина можат да ги намалат ризиците од рак.

Велика Британија се соочува и со проблемот на дебелина кај децата. Истражувањето покажало дека секое трето дете во основните училишта има вишок килограми.

 
 
18.11.2016 - 20:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега