Подарок за фановите: Металика го објави целиот нов албум бесплатно на Јутјуб (ВИДЕО)

Легендарниот хеви метал бенд Металика донесе многу необична одлука својот најнов албум во целост да го објави на Јутјуб.

Албумот со назив „Hardwired...To Self Destruct", објавен е на Спотифај, како и на Јутјуб во вид на 13 музички видео-клипови. На ваков потег бендот се одлучил бидејќи знаеле дека новите песни секако во еден момент ќе завршат на интернет.

Ова е прв албум на Металика по „Death Magnetic“ во 2008. година, а двата се продуцирани од Грег Фиделман. Металика ја формираа фронтменот Џејмс Хетфилд и тапанарот Ларс Улрих сега веќе далечната 1981. година, а бендот во меѓувреме стана еден од највлијателните хеви метал бендови на сите времиња.

 
 
18.11.2016 - 20:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега