Прегазено 11-годишно дете во Кавадарци

Патнички автомобил марка „рено“ со скопски регистарски ознаки попладнево во Кавадарци удри во дете - пешак на возраст од 11 години, соопшти полицијата.

Несреќата се случила околу 14:30 часот на улицата „Пионерска" во близина на основното уќилиште „Тоде Хаџи Тефов".

- Денес околу 14:30 часот на улицата „Пионерска" во непосредна близина на ООУ „Тоде Хаџи Тефов" во Кавадарци се случи сообраќајна несреќа во која патнички автомобил „рено“ удри во дете-пешак на возраст од 11 години, информира портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска.

Увид на местото на несреќата изврши екипа од Полициската станица Кавадарци. 

 
 
18.11.2016 - 20:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега