Поради дојава за бомба евакуирана болницата Жорж Помпиду во Париз

Дел од Европската болница Жорж Помпиду беше евакуиран денеска по закана за поставена бомба. Според она што беше кажано од службата на најголемата болница во Париз, тоа е „мерка на претпазливост", јавува дописникот на МИА од Париз.

До евакуацијата на дел од болницата дојде по анонимен повик. Потоа интервенираа силите на редот, кои вршат проверка на болницата.

Итните случаи се пренасочуваат кон другите париски болници. 

 
 
18.11.2016 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега