Шокантна одлука на судот: 16 годишно девојче може да ја продолжи врската со својот 49 годишен вујко

Судот пресуди дека 16 годишно девојче може да ја продолжи врската со својот вујко кој има 49 години. Џосефин имала 14 години кога избегала со својот вујко. Тие се криеле на југот на Франција.

Џосефин која денеска има 16 години ги тужела своите родители на судот во Бранденбург, а тој пресуди во нејзина корист. Судот заклучил дека забраната на таквата врска може лошо да влијае на девојката и на нејзиното здравје.

Откако се вратила Џосефин, родителите ја однеле на психијатар каде поминала неколку недели, а на вујкото му забраниле да контактира со неа.

Вујкото кој сега има 49 години му забраниле да и се приближува. Судот дозволи вујкото повторно да контактира со неа и навеле дека мерката за забрана не е примерна. Судот одлучи дека родителите мораат да ја почитуваат одлуката на својата ќерка.

Таа кажала дека сака да ја продолжи врската со својот вујко затоа што тоа ја прави задоволна и сигурна. Судиите во тоа виделе свесна одлука на девојката.

Џосефин се врати кај родителите. Таа тогаш на полицијата и рекла дека избегала со вујкото, дека на тоа никој не ја присилил. Тогаш кажала и дека немале сексуални доноси. Според германските закони забранети се сексуални контакти со лица помлади од 16 години. На партнерите постари од 21 година дозволен им е секс со 16 годишен партнер, секако доколку не станува збор за силување

 
 
17.11.2016 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега