ВИДЕО: Поради ретка болест таа е алергична на се, па дури и на својот сопруг

„Алергична сум на својот сопруг“, веројатно е реченица која сте ја чуле многу пати. Меѓутоа кога е во прашање 29 годишната Јохана Воткинс, тоа навистина е така. И како што таа вели, дефинитивно на никого тоа не му е смешно, а најмалку не неа.

Несреќната Јохана живее сама во својата соба во последните години. Алергична е на се, на прашина, храна, светло, разни хемикалии, на сопругот.

Сопругот Скот морал да изгради сигурна зона за Јохана, а тоа е собичка без прозор.

Јохана посетила дури 30 доктори додека не дознала што и се случува. Дијагнозата биле многу лоша, боледува од редок синдром поради што е алергична на скоро се. Па дури и на луѓе.

„Не можам да и се приближам. Чим ја гушнам, таа вришти од болки“,  вели за Fox9 News сопругот Скот, кој живее на приземјето на нивната куќа, потполно изолиран од својата сопруга. Од собата излегува само кога оди на лекар.

„Чим се отвори врата, можам да го осетам. Телото потполно ми полудува, грлото ми се стега... Неиздржливо“.

По целата оваа приказна вистинско чудо е што несреќната девојка е сеуште стабилна во главата. Деновите ги поминува читајќи книги, разговара на телефон, праќа мејлови, се моли...

Кога е во прашање храната, и тука ситауацијата комплицирана. Јохана смее да јаде само јагнешко месо, одредена врста на годевско, морков и свежи краставици. Последните години само тоа го јаде, а јадењата и ги припрема Скот.

И покрај се, помалку чудно Скот е и понатаму е позитивен кога е во прашање нивната иднина.

„Можам да се бунам околу многу работи, понекогаш ми доаѓа да кренам раце од се, но на крајот се помирувам со ситуацијаа. Имаме поддршка од добри луѓе и тоа ми е најважно“, вели Скот

 

 

 
 
17.11.2016 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега