Груевски во Германија на средба со македонската дијаспора во Минхен

Во рамките на својата посета на Германија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и партиската делегација во Минхен остварија средба со македонската дијаспора.

Се разговараше за актуелните состојби во Македонија и политичката криза наметната од опозицијата.

Груевски истакна дека изборите треба да стават крај на политичката криза, при што граѓаните на слободни и демократски избори ќе се одлучат за иднината.

Груевски посочи дека потребен е крај на кризата за да се продолжи со економските реформи и спроведувањето на мерки кои што ќе значат подобрување и унапредување на животниот стандард во Македонија.

 

 
 
17.11.2016 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега