Саем за колеџи во САД 2016

Во чест на Меѓународната недела на образованието, во организација на Амбасадата на САД во Македонија денеска во НУБ „Свети Климент Охридски“ ќе се одржи третиот годишен Саем за колеџи во САД 2016.

Дваесет претставници од заедницата на Амбасадата, вклучително и заменикот шеф на мисија, Микаела Швеицер – Блум, ќе имаат презентации за повеќе од 30 различни универзитети во САД, што тие ги посетувале, а ќе бидат на располагање и да одговараат прашања за високото образование во САД.

Советниците на ЕducationUSA ќе даваат информации за процесот на аплицирање на универзитетите во САД, како и за услугите што студентите можат да ги добијат во центрите на ЕducationUSA во Македонија. Освен тоа, советникот за образование од Амбасадата на САД ќе биде таму да одговара на прашања за можностите за добивање стипендии од Владата на САД и за програмите на образовна размена.

Саемот ќе се оддржи од 16:00 до 18:00 часот, а влезот е слободен за јавноста. 

 
 
17.11.2016 - 08:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега