Студот не попушта: Македонија мрзне - еве каде е најстудено

И ова утро студот не попушта. Измерени се -3 степени во Тетово, Битола, Маврово, -2 Лазарополе, Скопје Петровец, Прилеп, Струмица, Демир Капија, Дебар, Штип, Берово, -1 Крива Паланка, Гевгелија, 0 Пожаране, Претор, Куманово, Тополчани, Скопје Зајчев Рид, Виница, Охрид, Крушево, 1 Ѓуриште, 2 во Дојран.

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Максимална температура од 8 до 15 степени. Во Скопје до 10 степени.

 

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. По одделни котлини во претпладневните часови ќе има појава на ниска облачност и слаба магла. Во деновите од викендот ќе има повремено зголемување на облачноста.

 

 

 
 
17.11.2016 - 08:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега