ВНИМАВАЈТЕ: Нова смртоносна дрога го тресе регионот - мала количина е доволна за смрт

На нарко пазарот во Љубљана се појави нова опасна синтетичка дрога која може да биде кобна по животот на зависникот во доста мали количини, а станува збор за збор за 4-флуоро-бутинфентанил.

Тоа е синтетички опијат дериват фентанил, а предизвикува чешање и сериозна респираторна депресија - плитко дишење, што за оној кој ја конзумира може да биде опасно по живот и ако ја зема во доста мали количини, соопшти Националниот институт за јавно здравје, пренесуваат медиумите.

За истата дрога се користат и називите 4Ф-БФ, 4-ФБФ и п-ФБФ. Може да ја има како прашок, таблети и спреј за нос.

 
 
16.11.2016 - 20:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега