Австрискиот Генерален секретар Михаел Линхарт во посета на МНР

Генералниот секретар на Сојузното министерство за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија, Михаел Линхарт денес оствари посета на Министерството за надворешни работи на Република Македонија во чии рамки се сретна со Заменик претседателот на владата и министер за надворешни работи, Никола Попоски и државниот секретар Елена Кузмановска.

Од МНР информираат дека на средбите се разговарало за одличните македонско-австриски односи и соработка, европската интеграција на Република Македонија, мигрантско-бегалската криза како и за приоритетите на претстојното претседавање на Австрија со ОБСЕ. 

-Соговорниците заеднички констатираа дека македонско-австриските односи одлично се развиваат, како на политички, така и на економски план. Генералниот секретар Линхарт и во оваа прилика ја реафирмираше цврстата поддршка од Австрија на европската перспектива на Република Македонија. Тој воедно упати признание за успешното справување на земјата со мигрантско-бегалската криза, стои во соопштението од Министерството за надворешни работи.

 
 
16.11.2016 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега