Умреле за 40 секунди: Морничава и недоволно позната приказна за тројцата космонаути
Тројцата советски космонаути, биле првите луѓе во вселенската станица и единствените кои умреле во вселената.
Советските космонаути Георгиј Добровољски, Владислав Волков и Виктор Пацајев заминале на своето вселенско патување во јуни 1971 година и во истиот ден успешно слетале на првата вселенска станица, Салут 1.
Поминале 22 дена во вселената и со тоа го поставиле рекордот за престој во вселената. Патот за назад кон Земјата го почнале на 30 јуни и нивната капсула успешно слетала во Казахстан.
Кога советските техничари ја отвориле капсулата, ги пронашле мртви. Телото на Добровољски сеуште не било оладено, а сите тројца имале модрици на лицето и трагови од крв на носот ушите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа